Search

Џеко „џокер“ од клупата за пресврт и победа против Сасуоло

Интер се провлече на гостувањето кај Сасуоло и победи со 2-1. На Интер како да му пројде во навика да победува на гостински терен откако прво ќе им дозволи на противниците да водат со 1-0 по првото полувреме. Од четири гостувања сезонава, Интер доби три, сите со пресврт „еден во два“.

Интер има серија од 12 меча по ред на кои дава барем два гола, и тоа е нивен клупски рекорд.

Един Џеко само што влезе во игра, изедначи на 1-1, за него тоа беше шести гол во седум настапи сезонава, а победничкиот гол за актуелниот италијански првак, беше дело на Лаутаро Мартинес од пенал.

Ветеранот влезе во игра во 57. минута и по само 40 секунди на теренот, со првиот контакт, веднаш ја затресе мрежата за изедначување на 1-1. Дваесетина минути подоцна, тој одлично втрча во шеснаесетникот на противникот, по што беше соборен, па судијата покажа на пенал кој сигурно го реализира Лаутаро Мартинез. Босанецот во 82. минута постигна уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд дури по реакцијата на ВАР.

Но, триумфот вечерва на „Мапеи“ стадионот беше и контроверзен. Во првото полувреме, голманот Самир Хандановиќ имаше контакт со Дефрел надвор од 16-никот, и домашните бараа капитенот на Интер да добие црвен картон. Судијата Паирето процени дека не било фаул, па Словенецот се спаси од исклучување.

За Интер ова е петта победа сезонава, во која има се уште нема пораз, за искачување на втората позиција на табелата со 17 бодови, еден помалку од досега непоразениот Наполи, кој има меч помалку.

Треба да знаете
Последни објави