Search

Или ќе се вакцинира, или Ѓоковиќ нема да игра на Австралијан опен?!

Тенискиот крал на Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, нема да добие дозвола за настап на првиот грен-слем турнир во 2022 година, Австралијан опен, доколку не се вакцинира. Србинот во неколку наврати истакна дека не е „антиваксер“, но дека секој човек треба да има право на избор дали ќе се вакцинира или не.

Не само Ѓоковиќ, туку четворица од Топ 10 тенисерите на АТП листата, не се вакцинирани засега, и загрозено им е учеството на Отвореното првенство на Австралија во втората половина на јануари.

Најновите мерки се во сојузната држава Викторија, која го вклучува и Мелбурн, каде што, според новите одлуки на надлежните органи, сите официјални вработени (вработени во различни сектори), вклучително и сите професионални спортисти, мора да бидат вакцинирани до 15 октомври. Тоа се околу 1,25 милиони луѓе. Дотогаш, тие мора да ја примаат барем првата доза.

Досега, единствено непознато е дали ова важи и за професионалните спортисти кои ќе останат кратко во државата Викторија, како што е случајот со тенисерите кои доаѓаат да се натпреваруваат на Австралија опен.

Ѓоковиќ има дури девет титули на Австралијан опен, и апсолутен рекордер е, а плус тоа, ако ја освои својата десетта, ќе стане и рекордер во историјата на машкиот тенис со 21 грен-слем трофеи.

Треба да знаете
Последни објави