Search

Диего Коста местел натпревари и перел пари во Бразил?

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста е во центарот на скандал, поради наводно наместени натпревари, пренесуваат медиумите во Бразил.

Локалната полиција откри мрежа вклучена во криминални активности, а неименуван 32-годишен фудбалер е под истрага. Идентитетот не беше јавно објавен, но бразилските медиуми дојдоа до информација дека Диего Коста е под истрага на полицијата поради обложување и местење натпревари.

Имено, државната полиција на сојузната држава Сергипе, каде што е роден актуелниот фудбалер на Атлетико Минеира, во соопштението изјави дека ја започнала втората фаза од операцијата со кодно име „Одвлекување на вниманието“ со цел собирање докази за истрага за нелегално коцкање, перење пари, девизи и криминал.

Се шпекулира дека Диего Коста е финансиер на целата шема со перење пари, местење натпревари и други криминални активности. Тоа би бил голем скандал, доколку навистина се покаже дека е вистина дека во сето ова е вмешан поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи.

Треба да знаете
Последни објави