Search

Во Србија 6.412 нови случаи на ковид -19, 51 починати

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.412 нови случаи на ковид -19, а 51 пациент почина, објави Институтот за јавно здравје на Србија.

Тестирани се 19.752 лица.

На болничко лекување се 6.410 пациенти, 49 повеќе отколку во претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата, 5.692.875 граѓани се тестирани во Србија, а присуството на вирусот е потврден кај 955.672 лица.

Треба да знаете
Последни објави