Search

Шакира сподели бизарна приказна за напад на диви свињи среде Барселона

Поп-ѕвездата Шакира откри дека била жртва на случаен напад на две диви свињи додека шетала во парк во Барселона со својот осумгодишен син.

Колумбиската пејачка вели дека животните ја нападнале, пред да и ја одземат чантата и да се повлечат со неа во шумата.

Својата бизарна приказна ја сподели во низа Инстаграм-стори во средата.

Држејќи ја пронајдената, но искината чанта кон камерата, таа вели: „Погледнете што направија од мојата чанта две диви свињи што ме нападнаа во паркот. Ја однесоа во шумата со мојот мобилен телефон во неа. Уништија сè.“

Таа потоа се сврте кон својот син, чиј татко е фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, и рече: “Милан, кажи ја вистината. Кажи како твојата мајка ѝ се спротивстави на дивата свиња.“

Шакира е најновата жртва на сè поагресивни свињи што се појавуваат во каталонската престолнина во последниве години.

Во 2016 година, шпанската полиција прими 1,187 телефонски повици за диви свињи кои напаѓаат кучиња, го попречуваат сообраќајот и налетуваат на автомобили во самиот град.

Треба да знаете
Последни објави