Search

(Фото) Популарната актерка на провокативен начин го честиташе Националниот ден на кафето

Софија Вергара важи за една од најубавите актерки. Taa на свој начин им го честиташе националниот ден на љубителите на кафе.

Убавата Колумбијка на својот профил на Инстаграм објави провокативна фотографија, на која е сосема гола, а со зрна од кафе ѝ се покриени интимните делови од телото.

За помалку од половина ден, фотографијата доби повеќе од 700.000 лајкови, а коментарите за нејзината убавина постојано доаѓаа.

Софија Вергара секогаш, во сите емисии во кои гостува, како и во интервјуата, посочува колку е горда на своето колумбиско потекло и колку сака кафе, а многу често во забавните емисии знае и да се пошегува за слабиот квалитет на американското кафе.

Треба да знаете
Последни објави