Search

Се операционализира Центарот за едукација на АД ЕСМ

Преземени се конкретни чекори за операционализирање на Центарот за едукација во кој ќе може вработените во компанијата да ги надоградуваат своите знаења, информира АД ЕСМ.

– На состанок на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, со вработени од повеќе подружници во компанијата кои имаат докторски титули од различни области, одредени се конкретни чекори за операционализирање на Центарот за едукација и обука (ЦЕО) на АД ЕСМ. Врвните теориски и практични знаења на нашите кадри ќе бидат употребени за континуирана едукација и надградба на вработените. Во процесот ќе бидат вклучени вработени во АД ЕСМ кои покрај редовните обврски ќе работат и на едукацијата и обуката, потоа поранешни вработени, односно пензионери од нашата компанија кои своето долгогодишно искуство ќе го пренесат на сегашните и на новите кадри, како и професори од високообразовни институции, се наведува во соопштението од компанијата.

Обуките и едукацијата, како што се посочува, се од исклучително значење на почеток на спроведувањето на енергетската трансформација, која бара преструктурирање и консолидирање на човечките ресурси и потребните вештини.

– Скенирањето на сите сектори во компанијата ќе покаже во кои делови има потреба за зајакнување на одредени знаења, без оглед дали се работи за продлабочување од конкретната дејност или за добивање познавања од други области за поцелисходно извршување на работните задачи, како што е на пример обезбедување основни познавања на инженерскиот кадар за јавните набавки, запознавање на дел од вработените во секторот комерција со основите на производниот процес и техничките побарувања итн, велат од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави