Search

Кондовски : Старскиот дом Сју рајдер ќе го реконструираме и ќе обезбедиме нови сместувачки капацитети за стари лица во Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола и дел од кандидатите за советници од СДСМ  и коалицијата го посетија Старскиот дом Сју рајдер. По повод Меѓународниот ден на старите лица, се дружеа и разговараа со штитениците во домот.

“ Задоволство ми беше денеска, по повод Меѓународниот ден на старите лица, да ги посетам штитениците на Старскиот дом Сју рајдер во Битола. Потребите на повозрасните граѓани на Битола ги детектиравме и во нашата изборна програма со која нудиме решенија и проекти кои ќе им го олеснат и подобрат животот на оваа група на наши сограѓани. За Старскиот дом Сју рајдер предвидени се 50.000 евра за реконструкција и обновување на опремата на домот со што ќе се подобрат условите за живот на корисниците и условите за работа на персоналот во домот”, рече Кондовски на средбата. Кондовски сподели и други проекти од изборната програма, наменети за пензионерите како што се прилагодување на простори за рекреација на повозрасните граѓани во секој месна заедница, давање помош во домашни услови за изнемоштени стари и инвалидни лица во соработка со други институции и организации, реконструкција и опремување на домот за стари лица, стимулирање на поединци и компании кои ќе пројават интерес за вложување во изградба на Дом за стари лица и изградба на болнички комплекси се само дел од проектите за кои разговаравмe.

Во изборната програма на СДСМ за Битола, предвидено е и заедно со Фондот за пензиско осигурување и Сојузот на пензионери да се бараат можности поранешниот Хотел Битола да се реновира и прерасне во модерен старски дом, со активности за безбедно и здраво стареење за стари лица со ниски пензии.

 

Треба да знаете
Последни објави