Search

Кавадарчанесц со југо удрил во малолетен пешак

На 30.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка” во Кавадарци, патничко возило „југо”, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави