Search

Двајца повредени во тешка сообраќајка кај Драчево

На 30.09.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково – с.Драчево, скопско, во близина на с.Орешани, општина Зелениково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса”, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „тојота јарис”, управувано од А.Д.(28) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Сопатникот во возилото „тојота”, Ј.Д.(71) од Скопје, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.Д. се здобил со телесни повреди , констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави