Search

Свршеникот на Бритни ја прослави веста за суспендирањето на татко ѝ

Свршеникот на Бритни Спирс, Сем Асгари, беше меѓу првите кои ја прославија веста за суспендирање на нејзиниот татко од конзерваторскиот надзор.

Судијката Бренда Пени од Вишиот суд во Лос Анџелес донесе одлука во средата дека таткото на Бритни, Џејми (69), повеќе нема да биде на чело на нејзиниот имот бидејќи таквата опција е неодржлива. Потоа му нареди да ги предаде соодветните документи на Џон Зебл, овластен јавен сметководител, кој сега привремено ќе има надзор над имотот на 39-годишната поп пејачка вреден 60 милиони долари.

Одлуката означува огромна пресвртница во напорите на Бритни за укинување на правниот аранжман што постои од 2008 година.

Судијката закажа ново рочиште на 12 ноември, кога ќе треба да се одлучува дали конзерваторскиот надзор над Бритни ќе биде трајно прекинат.

По вестите во средата, членовите и симпатизерите на движењето FreeBritney се собраа пред судот, воодушевени од одлуката на судијката.

И на социјалните медиуми, фановите на поп ѕвездата го искажаа своето задовoлство.

27-годишниот свршеник на Бритни, Сем Асгари веднаш ја прослави веста со објава на социјалните мрежи.

Актерот сподели Инстаграм-стори со кратка порака. „#Фри Бритни! Честитки!!!!!“

А на профилот сподели црно-бела фотографија на лавица со наслов: „Моќта на лавицата“. Фановите веднаш коментираа со честитки.

Треба да знаете
Последни објави