Search

Шериф има полна каса, а покрај победата на теренот над Реал Мадрид со најтрофејниот тим се поигра и на социјалните мрежи

Молдавскиот фудбалски шампион Шериф Тираспол за кого настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја приреди најголемата сензација во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите, совладувајќи го во Мадрид славниот Реал со 2-1. Тимот чија вредност на фудбалската берза изнесува 12 милиони евра го урна шпанскиот гигант и најтрофеен колектив со европски шампионски титули на славниот реновиран „Сантијаго Берабеу“, а потоа со поигра со реномето на „кралскиот клуб“ и на социјалните мрежи.

Шериф објави фотографија на која го промени логото и сега на нивната ѕвезда се наоѓа кралската круна на Реал Мадрид.

Шериф е главна сензација во ЛШ од стартот на сезонава каде минуваше квалифиакциски кола. Ги елиминира албанска Теута, ерменски Алашкерт, српската Црвена звезда и хрватскиот Динамо Загреб, а во групата продолжи да им зема мерки на украинскиот Шахтјор Доњецк и шпанскиот Реам Мадрид, кој само за споредба има состав вреден 793,5 милиони евра! Тоа е за околу 64 пати поскап тим од оној на Шериф. Буџетот на молдавскиот клуб за сезонава се движел од 5-8 милиони евра. Само од победата против Реал Мадрид, молдавскиот првак веќе заработи 2,8 милиони евра!

Досега вупно Шериф заработи повеќе од 22 милиони евра: 15,7 милиони од старт, 1,2 милиони за историски влез во групна фаза и 5,6 милиони евра за две победи. Во овој есап не се сметаат заработки од ТВ права.

Ова значи дека Шериф веќе заработил 4 годишни буџети на клубот. Интересно, цената на голманот Атанасиадис во 2 часа му скокнала за неколку милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави