Search

Милевски: Мечот со Лихтенштајн ќе биде најтежок за Македонија во овој квалифиакциски циклус

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски по објавувањето на списокот со кандидатите за составот на државниот тим на октомвриските квалификациски натпревари против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија на 11. октомври имаше свое гледање и очекување од овој довмеч. Милевски смета дека гостувањето во Лихтентштајн, кај аутсајдерот во групата ќе биде најтешкиот натпревар за Македонија во овие квалификации.

-Сите фудбалери се во тренажен и натпреварувачки ритам пред новиот собир. Во септември тоа беше период во кој некои од играчите немаа адекватни клубови, некои не ни почнаа првенствата сега очекувам да бидат многу подобри. Со Лихтенштајн не очекува најтешкиот натпревар во овие квалификации. Со нивната форма и последните натпревари покажаа дека имаат голем напредок и дека се работи за екипа која многу има напредувано и на тактикчки и на физички план. Иако загубија од Германија покажаа одлична игра, а со Ерменија успеаја да одиграат нерешено, изјави Милевски.

Поранешниот младински шведски репрезентативец Ердал Ракип од екипата на Малме се очекува да ја зголеми конкуретноста во средниот ред.

-Ракип со своите настапи во Шведска и во Лигата на шампионите го привлече вниманието и мислам дека нашиот тим ќе добие на конкурентност во средниот ред. Во септемврискиот циклус и сега се соочуваме со проблеми во средината и мислам дека тој со својот квалитет ќе ја зголеми конкуренцијата. Од него зависи  дали ќе се наметне како еден од носителите или не. Млад фудбалер е и се надеваме дека ќе го имаме подолг период на располгање – додава Милевски.

Треба да знаете
Последни објави