Search

Македонскиот селектор објасни зошто не се најде на списокот ниту еден домашен играч

Македонскиот фудбалски селектор Благоја Милевски на списокот за октомврискиот квалифиакциски двомеч со Лихтенштајн и Гермнаија повика 26 кандидати меѓу кои нема ниту еден играч од домашната сцена. Во неговиот прв избор за септемврискиот тримеч имаше двајца во првото составување на списокот, па дополнитлно повика уште двајца.

-На списокот има шест играчи кои доаѓаат од У21 и еден дебитант. Што се однесува до играчите од домашната Прва лига, во овој момент мислам дека овие кои се на списокот се поспремни. Не само по квалитет, туку и по ритамот на натпревари и силината на првенствата во кои играат. Мора да одржиме високо ниво за да играме натпревари со силни репрезентации, па за жал не одбрав никој од домашната лига. Сметам дека овие фудбалери кои се повикани во моментов се во подобра форма. Силината и посебно ритамот, ќе се сложиме сите, не е на ниво во македонската лига, без да навлегуваме сега во некои други детали“, појасни Милевски.

Треба да знаете
Последни објави