Search

Даниел Крег сака Астон Мартин од 007, ама не му го даваат

Даниел Крег посакува да можел да го задржи автомобилот „Астон Мартин“ од најновиот филм за Џејмс Бонд, но компанијата не му дозволува.

53 -годишната sвезда ја повторува улогата на 007 по петти и последен пат во филмот „Не е време за умирање“ и призна дека не му било дозволено да го задржи луксузното возило што го возеше како шпион.

„Нема да ми дозволат да го земам автомобилот,“ рече тој.

Кога ќе ме прашаат какви предмети имам дома од петте филмови, јас им велам дека не сум клептоман. „Цело време прашуваат за сувенири, тие мислат дека сум клептоман“.

Тој на своите фанови им тврдеше дека No Time to Die ќе има повеќе гаџети од претходните четири филмови, нарекувајќи го Aston DB5 „врвна шпионска алатка“.

No Time to Die ја имаше својата светска премиера во Ројал Алберт Хол во Лондон во вторникот (28 септември), а Даниел за последен пат продефилира на црвениот тепих во смокингот на Бонд.

Треба да знаете
Последни објави