Search

Сари го надмудри Мурињо, Лацио го доби римското дерби

Лацио ја совлада Рома со 3-2 во големото римско дерби бо рамки на 6.коло во Серија А.

Во возбудлив натпревар со пет постигнати голови и голем број нереализирани шанси, можеби и реми ќе биде најреален исход, но во никој случај победата на „лацијалите“ не е незаслужена.

Тимот на Маурицио Сари креираше две опасни акции во првото полувреме и погоди два пати. Прво за 1-0 реализираше Сергеј Милинковиќ-Савиќ со глава по одличното проигрување од Фелипе Андерсон во 10.минута. Потоа во противнапад, Чиро Имобиле му асистираше на Педро за 2-0 во 19.минута.

Во финишот на првото полувреме Роџер Ибањез со глава погоди за 2-1. Фелипе Андерсон стрелаше за Лацио во 63.минута, а конечните 3-2 ги постави Жордан Верету од пенал во 69.минута што го изнуди Николо Заниоло.

Треба да знаете
Последни објави