Search

Вардар го победи Еурофарм Пелистер во првото дерби оваа сезона

Вардар го доби првото големо дерби во Суперлигата, откако во „Јане Сандански“ го совлада Е. Пелистер со резултат 29:25.

Вардар беше подобар противник во текот на целиот меч и на полувреме замина со предност од 15:11. Гостите немаа решение за за играта „7 на 6“ во нападот на „црвено црните“.

Иако Вардар постојано имаше солидна предност сепак во финишот битолчани имаа добра серија и се доближија на 26-25. Тогаш на сцена стапи Филип Талески, кој ги постигна последните три гола и го реши натпреварот.

Тимур Дибиров беше најефикасен на мечот со 10 голови, додека Филип Талески постигна пет гола.

Треба да знаете
Последни објави