Search

Итудис ќе биде нов селектор на грчките кошаркари

Грчкиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис (51) се очекува наскоро да седне на селекторското столче на местото на познатиот американски стратег Рик Питино, јавија денеска локалните медиуми.

Итудис од 2014 година е тренер на московска ЦСКА со која освои две титули во Евролигата (2016, 2019). Претходно долги години беше помошник на српскиот стратег Жељко Обрадовиќ во атински Панатинаикос.

Во кариерата Итудис ги предводеше и солунски ПАОК и турски Банвит.

Треба да знаете
Последни објави