Search

Ќерката на Ирина Шајк се плаши од папараци

35-годишниот супермодел има четиригодишна ќерка Леа со нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер, и откри дека морале да ѝ објаснат дека папараците „само си ја вршат работата“ кога го фотографираат семејство, бидејќи таа е преплашена од нив.

„Леа ги здогледува папараците од километри. Моравме да ѝ објасниме: тие само си ја вршат својата работа. Со продажба на фотографии, тие заработуваат за живот. Не треба да се плашиш.“

Ирина го држи својот личен живот подалеку од рефлекторите колку што е можно за да ја заштити својата ќерка. А што се однесува до Бредли, кого го нарече практичен татко, сака сам да се грижи за својата ќерка кога се заедно.

„Тој е целосенo посветен татко – нема дадилка. Леа отиде на одмор со него речиси две недели – јас не им се јавив ниту еднаш”, рече таа во интервју за магазинот „Хајстајл“.

Треба да знаете
Последни објави