Search

Македонската репрезентација падна две места на ФИФА-рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две места на ФИФА ранг-листата, објавена денеска за месец септември. „Црвено-жолтите” сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија.

Од ривалите на Македонија во квалификациите за Светското првенство, најдобро рангирана е Германија (14-та), Романија е 42-ра, Исланд 60-ти, Ерменија 89-та и Лихтенштајн 188-ми.

Лидер на ФИФА рејтинг листата останува Белгија пред Бразил и Англија.

Во ТОП 10 селекции се и: Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

Треба да знаете
Последни објави