Search

Франција се збогуваше со Белмондо: И Макрон му се поклони на Бебел

Франција денеска се збогуваше со Жан Пол Белмондо со ветување дека харизматичниот актер и легенда на францускиот Нов бран, кој почина во понеделникот на 88 годишна возраст, дека засекогаш ќе живее на филмските платна.

Ковчегот на Белмондо покриен со француската „тробојка“ беше донесен на свечениот обред во дворот на воениот музеј во Париз, Les Invalides, каде што почива и Наполеон.
Французите нагаено го викаа Бебел, а беше еден од најпопуларните француски актери. Тој се прослави со улогата на гангстер во филмот на Жан-Лука Годар „До последниот здив” од 1959 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека “тој беше пријател за кого сите сонуваа”.
-Тој никогаш не престана да се развива, создава ида ги освојува сите нови генерации. Збогум Бебел, додаде Макрон.

 

Треба да знаете
Последни објави