Search

Фановите на „Вовед во анатомија“ воодушевени од една вест пред стартот на 18. сезона

„Вовед во анатомија“ е една од најдолговечните ТВ-серии, но дури и во пресрет на 18. сезона, успева да приреди изненадувања за својата верна публика.

Заедно со новите авантури, една од највпечатливите актерки во серијата, Кејт Волш, се враќа наесен, и повторно ќе го облече својот бел мантил за да ја игра улогата на доктор Адисон Монтгомери.

Ликот на бескомпромисната докторка со огнено црвена коса се појави во првата сезона кога беше претставена како поранешна сопруга на Дерек Шеферд, што ја отежна ситуацијата за младата Мередит Греј.

Кејт играше омилен лик во „Вовед во анатомија“ сè додека не ја напушти серијата за да глуми во спинофот „Приватна пракса“.

Веста за враќањето на доктор Адисон на официјалниот профил на серијата беше објавена во видео од самата актерка.

„Драги мои, точно е, д-р Адисон Монтгомери се враќа во ‘Меморијалната болница Греј-Слоан’. Многу сум возбудена што повторно сум дома“,  вели Кејт во воведниот дел од видеото, најавувајќи дека 18. сезона на Еј-би-си ќе зпочне со емитување на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави