Search

Ријана ја повлече тужбата против својот татко

Ријана завчера ја повлекла тужбата против нејзиниот татко, што таа ја поднесе од неколку причини, две недели пред да се сретнат на суд, пренесува Би Би Си.

Поп-ѕвездата го обвини нејзиниот татко Роналд Фенти за злоупотреба на нејзиното име во корист на негова компанија, па во 2019 година поднесе тужба за лажно рекламирање и нарушување на приватноста. Таа, исто така, посочи дека без нејзино знаење, тој организирал турнеја низ Јужна Америка и настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас. Судењето требаше да почне на 22 септември.

Причината за повлекувањето не е наведена. Американските медиуми пишуваат дека Ријана, најверојатно, постигнала вонсудска спогодба со татко ѝ и неговиот деловен партнер.

Познатата пејачка и дизајнерка, најбогатата музичарка во светот, веќе долго време е во лоши односи со татко ѝ, кој според наводите, имал и проблеми со алкохолизам и зависност од дрога.

Треба да знаете
Последни објави