Search

Претажна е причината што Џек Николсон не е виден во јавност повеќе од година дена

Холивудската икона Џек Николсон (84) не е виден во јавност повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.

Тројниот оскаровец ги поминува своите „тажни, последни денови“ во вила во Беверли Хилс.

– Јас и Џек сме пријатели со години и тој повеќе воопшто не излегува од својата куќа… Неговиот син и ќерката се грижат за него – рекол неговиот пријател за „Радар oнлајн“.

Иако актерот има пет деца, најчесто е фотографиран во друштво на ќерката Лорен и синот Реј.

– Физички е добро, но психички го нема. Навистина е многу тажно да се види таков талентиран актер како Џек да заминува на овој начин – рекол изворот.

Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ во 2010 година во кој глумеше со Рис Витерспун и Овен Вилсон.

Треба да знаете
Последни објави