Search

(Видео) Нео се врати: Погледнете го првиот трејлер за „Матрикс 4“

Филмско студио Ворнер Брос денеска го објави првиот трејлер за претстојниот филм „Матрикс: Воскресенија“, четвртиот филм во истоимената тетралогија.

„Матрикс: Воскресенија“ доаѓа 18 години по „Матрикс: Револуции“, филм кој извесно време го претставуваше последното поглавје во приказната за Нео и неговата борба против вештачката интелигенција и паметните машини.
Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ги повторија своите улоги на Нео и Тринити, а во трејлерот се појавуваат Пријанка Чопра Џонас, Џoнатан Гроф, Џeсика Хенвик, Јахја Абдул-Матеин II како младиот Морфеус, кој во трилогијата го глумеше Лоренс Фишбурн, Нил Патрик Харис и многу други.

Заплетот на филмот во моментов е непознат, но трејлерот сугерира дека „Воскресенија“ ќе изобилува со сцени и секвенци што се однесуваат на оригиналната трилогија.
„Матрица: Воскресенија“ е режирана од Лана Вачовски, а сценариото на филмот го потпишуваат Дејвид Мичел, Александар Хемон и Лана Вачовски.

„Матрица: Воскресенија“ во кино салите во САД на 22 декември 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави