Search

Блеснала во фустан рачно изработен во Македонија – Сузана Манчиќ на првото појавување на лото

Најубавата лото дама, Сузана Манчиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од времето кога почнала да чекори на сцената. И се ќе беше вообичаено, доколку не беше облечена во фустан рачно изработен во Македонија.

 

„Од некое дамнешно снимање во Македонија, носев рачно изработен фустан, како народна носија,  везена и со срма. Особено го сакав овој фустан, го носев во Венециското биенале, го носев дури и за првото извлекување на игрите на среќа-лото. Со некои феноменални италијански чизми … Сега овој фустан е на професионалниот ансамбл „Коло“. Таму треба да биде “, напиша Сузана и ја објави следната фотографија, за која рече дека е направена во средината на 80тите.

 

Треба да знаете
Последни објави