(Видео) Заводливи сцени кои ги преплавија социјалните мрежи: Актерот разменувал нежност со колешката на црвениот тепих

Актерот Оскар Ајзак на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција направил една сензација која станала главна тема на социјалните мрежи.

Тој пред камерите и фоторепортерите позирал со својата колешка Џесика Честејн.

Прекрасни сцени кои ги преплавиле социјалните мрежи настанале кога таа ја префрлила својата рака преку неговото рамо, а тој во тој момент се свртил кон нејзиниот бицепс и почнал да го бакнува.

Оваа сцена изгледала многу заводливо поради тоа што двајцата изгледале заљубено и таква атмосфера им пренеле на сите, меѓутоа сето тоа било само шега.

Џесика за оваа можност избрала да носи црвен фустан од брендот „Версаче“ со дијмантски ѓердан, додека пак Оскар за оваа прилика облекол класично одело од модната куќа „Прада“.

 

Треба да знаете
Последни објави