(Видео) Кристен Стјуарт импресионира како принцеза Дијана во „Спенсер“

Кристен Стјуарт изјави дека никогаш не се чувствувала „повисока“ во улога кога ја глуми принцезата Дијана во „Спенсер“ на Чилеанецот Пабло Лареин.

Говорејќи на прес -конференција на Филмскиот фестивал во Венеција, во петокот, неколку часа пред светската премиера на филмот, Стјуарт рече: „Уживав во физичкото создавање на овој филм повеќе отколку било што друго. Се чувствував послободна, жива и способна да се движам, дури се чувствував и повисока.“

Улогата на Стјуарт како Дијана ги импресионира критичарите. Покрај убедливиот раскошен британски акцент, Стјуарт внимателно ги отелотворува манирите и однесувањето на Дијана во текот на филмот.

„Басна од вистинска трагедија “, стои во насловот на почетокот на „Спенсер“, поглед на покојната принцеза Дијана. Чилеанскиот режисер веќе ни даде една микроскопска студија за моќна жена во криза во „Џеки“, филм во кој Натали Портман ја портретира Џеки Кенеди по атентатот на претседателот.

А тука, Кристен Стјуарт ја портретира Дијана. Годината е 1991. и британското кралско семејство се собира во Сандрингам на традиционални тридневни свечености за Божиќ. Дијана веќе се распаѓа психички, а режисерот Лараин не се воздржува да ги покаже нејзините нарушувања во исхраната.

„Сите гласини за моето распаѓање се потврдија “, вели таа во еден момент.

Режисерот во голема мера се воздржува да ги карактеризира другите членови на кралското семејство. Џек Фартинг го игра принцот Чарлс, но има само неколку разговори со Дијана. Таа повеќе комуницира со персоналот – симпатичниот главен готвач (Шон Харис), нејзината љубезна гардероберка Меги (Сали Хокинс).

Филмот,  похрабра алтернатива на популарната серија „Круната“, се обидува, и во голема мера успева, да се најде под кожата на Дијана.

Најдобрите сцени се нежните моменти со нејзините синови, Вилијам и Хари, давајќи им тајни подароци што треба да се отворат на Божиќ (традицијата во кралското домаќинство налага сите подароци да се отворат претходниот ден).

Треба да знаете
Последни објави