Анџелина Џоли се карала со Бред Пит кога тој работел со Харви Вајнстин

Анџелина Џоли тврди дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит во текот на нивниот брак имале расправии за неговата соработка со Харви Вајнстин.

46-годишната актерка претходно откри дека имала лошо искуство со посрамотниот филмски магнат – кого десетици жени го обвинија за сексуално малтретирање – додека бил извршен продуцент на нејзиниот филм Playing by Heart од 1998 година.

Во интервју за весникот „Гардијан“ таа сподели кога за првпат се чувствувала толку непочитувана во индустријата за да каже некому „оди по ѓаволите“.

„Харви Вајнстин. Работев со него кога бев млада.” Ѕвездата на „Турист“,која има шест деца со Бред, ја опиша нејзината средба со него како средба од која морала да избега.

„Ако излезете од собата, мислите дека тој се обидел, зар не? Вистина е дека обидот и искуството од обидот се напад”.

Анџелина одбила повторно да соработува со него, но што се однесува до Бред, тој продолжи да глуми во The Inglourious Basterds од 2009 година и Killing them Softly од 2012 година (двата филма во продукција на Weinstein Company), што ја повредило Анџелина и довело до караници на парот.

„Тоа беше нешто од што морав да избегам. Останав настрана и ги предупредив луѓето за него. Се сеќавам дека му кажав на Џони Милер, мојот прв сопруг, да ги предупреди другите момци – не дозволувајте девојките да бидат сами со него.“

„Ме бараа да глумам во The Aviator (2004), но јас реков не, бидејќи тој беше вклучен во проектот. Никогаш повеќе не работев со него. Ми беше тешко кога Бред го стори тоа

Треба да знаете
Последни објави