(Видео) Анџелина Џоли ѝ ја брцна главата на Салма Хаек во торта

На роденденската прослава на Салма Хаек по повод 55-от роденден на актерката, меѓу блиските пријатели и роднини, присуствуваше и нејзината колешка Анџелина Џоли, со која глуми во новиот филм на Марвел The Eternals, чија премиера се очекува на почетокот на ноември.

Во еден момент, славеничката и нејзиниот брат одлучиле да ја научат Енџи како се прави прочуениот „мексикански залак“, односно „мордида“, па така главата, поточно лицето на Салма заврши во роденденската торта.

Треба да знаете
Последни објави