Мерилин Менсон се изјасни невин за нападот со плукање

Мерилин Менсон се изјасни невин за напад, откако беше обвинет за плукање кон камерман, на еден од неговите настапи. Настанот, наводно, се случил 2019 година, а хеви-металецот годинава сам ѝ се предаде на полицијата.

Пејачот – со вистинско име Брајан Ворнер, е обвинет дека му пришол на камерманот на концерт во Њу Хемпшир (САД), го плукнал и си го исекнал носот кон него. Рокерот се соочува со казна од 2.000 долари и до една година затвор, доколку биде прогласен за виновен. Во меѓувреме, тој е обвинет и за неколку случаи на сексуална злоупотреба.

Следното рочиште е закажано за в четврток.

Ворнер претходно беше ослободен со кауција под услов да не изврши никакви кривични дела за време на ослободувањето, да нема контакт со наводната жртва и да се појави на сите судски рочишта. Претходно беше распишана и потерница по него.

Треба да знаете
Последни објави