Петгодишно дете се спасило од талибанците, но починало од отровни печурки во Полска

Петгодишно момче, кое неодамна било евакуирано од аеродромот во Кабул, почина во Полска кога изело отровни печурки.

Неговиот шестгодишен брат, кому му била извршена успешна трансплантација на црниот дроб, ги изел истите печурки и сега се бори за живот во детската болница. Постариот брат имал успешна трансплантација на црниот дроб, но оштетувањето на неговиот мозок било значајно и неговиот живот бил загрозен.

Момчињата биле примени во болница минатата недела со нивната 17-годишна сестра, која била пуштена од болница и е во добра состојба.

Според информациите, семејството берело и јадело печурки, кои се едни од најотровните во светот, во шума недалеку од бегалскиот центар „Подкова Лесна“, во близина на Варшава.

Таткото работел за Британија, а Лондон побарал од Полска да ги евакуира од Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави