Search

Ричард Гир денес полни 72 години: Животот му го обележале три жени, станал будист и му бил ученик на Далај Лама

Ричард Гир денес го слави 72-от роденден, а покрај успешната кариера која трае со децении, животот на глумецот го обележале три жени.

Имено, тој се прослави со остварувањето “An Officer and a Gentleman” (1982), а од тој момент неговата кариера се движела само по нагорна линија. Следувале романтичните комедии по кои денес е најпознат, како “Pretty Woman” и “Runaway Bride” глумејќи покрај Џулија Робертс.

Ричард Гир се оженил три пати, периодот од 1991 до 1995 година го поминал со манекенката Синди Крафорд, во 2002 се оженил со глумицата Кери Луел за потоа да се “скраси” со шпанската активистка Алехандра Силва во 2018 година.

Покрај драматичниот љубовен живот, Гир им го привлекoл вниманието на медиумите со одлуката да стане будист. Имено, иако е воспитан и пораснат во христијанско семејство, глумецот во раната младост се сретнал со текстови кои го заинтересирале за будизмот.

Тој е познат по хуманитарната работа, а будистичката религија ја присвои во средината на 1970-те и отпатувал во Тибет во 1978 година каде ги посетил мигрантските кампови. Подоцна му станал и студент на Далај Лама. Глумецот пружал значајна политичка поддршка во борбата за независност на Тибет, но бил вклучен и во многубројни хуманитарни акции како за заболените од сида.

Денес ја користи секоја прилика да ја истакне својата посветеност на будизмот и фактот дека оваа филозофија му помогнала да преброди бројни животни предизвици.

 

Треба да знаете
Последни објави