На Бјелогрлиќ му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години

Нишката полиција утрото го пренесла познатиот српски актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ пред тамошното обвинителство, каде ќе биде сослушан откако вчера го претепа неговиот колега, режисерот Предраг Антонијевиќ.

Обвинителство треба да реши дали ќе му предложи на судот да одреди притвор од 30 дена или ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Бјелогрлиќ се сомничи дека извршил кривично дело- насилничко однесување.

Според Кривичниот Законик на Србија, за ова дело се пропишани два облика казни. Првата се однесува на сторено полесно дело и за неа е предвидена казна затвор до три години, додека ако судот процени дека дошло до сериозно понижување на оштетениот кои притоа се здобил и со телесни повреди, запретената казна е од шест месеси до пет години затвор.

Преземено од 360 степени

 

 

Треба да знаете
Последни објави