Џеј Ло го отследи Алекс Родригез на Инстаграм

Џенифер Лопез повеќе не го следи Инстаграм-прифилот на поранешниот свршеник Алекс Родригез.

52-годишната латино ѕвезда стави крај на веридбата со пензионираниот бејзбол играч дури и на социјалните мрежи, објавија таблоидите додавајќи дека таа го отследи („анфолоу“) и ги отстрани сите негови фотографии од својата страница.

Дента кога беше објавена веста во таблоидите, Алекс (42) сè уште ја следи Џeнифер и сè уште има фотогафии од неа на својот Инстаграм-профил.

Џенифер и Алекс започнаа врска на почетокот на 2017 година и парот се вери во март 2019 година, но откако ги откажаа плановите за венчавка поради Ковид-19, тие се разделија во март оваа година.

Набргу по разделбата со Алекс, таа ја обнови романсата со Бен Афлек.

Треба да знаете
Последни објави