Џејсон Батон ја испроба новата „Лотус Емира”

Поранешниот светски шампион во Формула 1, британскиот возач Џејсон Батон се провози со „Лотус Емира” на патеката „Лагуна Сека”. Ова воедно е и деби за овој автомобил на американско тло.

Возењето се случи во рамки на традиционалната манифестација Недела на автомобили на Монтереј, новиот спортски автомобил Лотус е официјално претставен. Според првичните наводи, „Емира” е „поблага” и поудобна од претходната „Евора ГТ”, меѓутоа, фактот дека ќе биде посоодветен за секојдневна употреба нема негативно да влијае на забавното возење. За да го докаже тоа, „Лотус” му ја препушти „Емира” на познатиот Батон.

Додека возеше, Батон не успеа да ја сокрие насмевката, што е добар знак за „Лотус”.

За разлика од „Евора”, „Емира” ќе биде достапна со два различни мотори и три менувачи. Познатиот 3,5-литарски „В-6″ мотор преземен од „Тојота” ќе може да се спои со 6-брзински рачен или автоматски менувач, а сите 400 коњски сили се пренесуваат на задните тркала.

Дизајнот на новото возило е јасно инспириран од целосно електричниот хиперавтомобил наречен „Евија”. Тоа е малку пошироко и пократко од „Евора” и, подобро се снаоѓа во свиоците.

Внатре, овој модел е попростран од својот претходник, има дигитална табла, нови облоги на седиштата, како и потпирач за раце во средината.

Треба да знаете
Последни објави