Search

Синот на Робин Вилијамс со емотивна порака за седумгодишнината од смртта на татко му

Синот на Робин Вилијамс, Зек сподели емотивна порака до неговиот татко на годишнината од неговата смрт. Славниот глумец и комичар почина на 11 август 2014 година.

„Тато, почина на денешен ден пред седум години. Радоста и инспирацијата што му ја донесе на светот, живее како наследство кај твоето семејство, пријателите и обожавателите, кои толку многу ги сакаше. Живееше за да ги насмееш другите и да им помогнеш. Денес ќе го славам споменот за тебе. Те сакам засекогаш!”, напиша Зек Вилијамс на Твитер.

Робин Вилијамс е запаметен по сценската комедија и по улогите во бројни познати филмови, како што се „Г-ѓа Даутфајер”, „Попај”, „Капетан Кука”, „Џуманџи”, „Аладин”, „Добриот Вил Хантинг” (за којшто во 1997 доби и „Оскар” за споредна улога), потоа – „Друштвото на мртвите поети” и „Печ Адамс”.

Треба да знаете
Последни објави