Од позитивна енергија до хаос – кинеските онлајн фан клубови предизвикаа остра реакција на Пекинг

Моменталното сузбивање на фан клубови на интернет или неформални виртуелни заедници фокусирани на идоли ги засили владините напори да ги отстрани манипулациите со јаното мислење во сајбер-просторот на Кина.

Интернетскиот надзорник, Управата за сајбер-простор на Кина, отстрани 150.000 парчиња штетна содржина на Интернет и казни повеќе од 4.000 сметки поврзани со фан-клубови заклучно со минатата недела, според државната новинска агенција „Ксинхуа“.

Ова предизвика гасење на онлајн или интернет услуги како и деловни модели поврзани со клубовите на фанови.

Микроблогерската платформа „Веибо“, на пример, најави отстранување на својата листа на рангирање на моќта на ѕвездите Star Power Ranking List, што ја охрабри конкуренцијата меѓу фан-круговите да го подигнат рангот на својот идол на листата.

Треба да знаете
Последни објави