(Видео) Мајкл Б. Џордан во трејлерот за „Дневник за Џордан“

Тој има една од најимпресивните фигури во Холивуд.

Мајкл Б. Џордан, кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж во светот за 2020 година, не е премногу срамежлив за да ги покаже мускулите во најновиот проект, коментираат светските шоу-биз медиуми еден ден по објавувањето на трејлерот за претстојната драма во режија на Дензел Вашингтон.

34-годишниот актер ги загреа екраните кога се појави без маица во најавата за Journal for Jordan („Дневник за Џордан“) во средата. Мајкл се чини дека е во неверојатна форма во љубовните сцени со Шанте Адамс во кусиот трејлер.

Филмот е фокусиран на врската помеѓу наредникот Чарлс Монро Кинг и новинарката Дена Канеди, чиј мемоар „Дневникот за Џордан: Приказна за љубов и чест“ – добитник на Пулицеровата награда за 2008 година – обезбедува материјал за филмот.

Мемоарот е всушност дневник од 200 страници напишан од нејзиниот свршеник, наредникот Чарлс Монро Кинг, за нивниот син. Кинг бил убиен во Багдат еден месец пред завршувањето на неговата должност во Ирак.

Кинг, кој заминал на Блискиот Исток пред да се роди Џордан, водел дневник за својот ангажман во Ирачката војна – во која загина во 2006 година – со пораки за синот Џордан кој имал седум месеци кога починал татко му.

Треба да знаете
Последни објави