Кит Херингтон смета дека е многу понижувачко да го нарекуваат „секси“

Актерот од „Модерна љубов“ – кој има шестмесечен син со сопругата Роуз Лесли – не мисли дека е фер луѓето да го припишуваат неговиот добар изглед како причина зошто ги добива своите актерски улоги.

Sвездата од „Игра на тронови“ многу пати во текот на годините беше опишуван како „парче“ и рангиран како еден од најголемите машки секс-симболи на британската телевизија.

„Непријатно ми е кога ме нарекуваат секси, парче или нешто друго, бидејќи тоа е неверојатно понижувачки,“ рече тој во интервју со „Сандеј тајмс“.

„Тоа е понижување и за жените и за мажите. Навредливо е било кој да биде категоризиран според својот изглед, без разлика како тоа може да звучи кога некои луѓе велат дека изгледот ми обезбедува улоги. Јас не се согласувам со тоа “.

34-годишниот актер е категоричен дека неговиот талент е причина што тој добива работа. Тој се надева ќе ја оценуваат неговата глума, а не изгледот.

Кит е најпознат по улогата на Џон Сноу во „Игра на тронови“ и сега веќе е свесен дека секогаш ќе го поврзуваат со фантастичната драмска серија.

 

Треба да знаете
Последни објави