(Видео) Трејлерот за Y: The Last Man открива пост-апокалиптичен свет без мажи

Отсекогаш бил машки свет.

Со светот владеат бројни претседатели, машки извршни директори се на чело на големи корпорации, но што се случува кога ненадејна појава ќе го сотре секој маж што постои … освен еден?

Тоа е суштината на Y: The Last Man, ТВ-адаптација на DC стрипови што ќе се прикажува на каналот „Еф икс“ и стриминг-платформата „Хулу“.

Многу-фалената серија што ја создадоа Брајан К. Вон и Пиа Гуера, поминува низ пост-апокалиптичен свет во кој катаклизма ги десеткува сите цицачи со хромозом Y, освен еден цисексуалец по име Јорик Браун (Бен Шнецер) и неговиот домашен миленик, мајмун.

Серијата ги следи преживеаните во овој нов свет додека вложуваат напори да го вратат изгубеното и можност да изградат нешто подобро.

Треба да знаете
Последни објави