Џенифер Хадсон: Најголема почит за мене е дека Арета ме избра да ја глумам во филм

Џенифер Хадсон откри дека чувствува нервоза и голема возбуда пред кино-изданието на „Респект“, нејзина лична почест кон покојната Арета Френклин, филм во кој таа беше избрана за улогата од самата соул- кралица.

Френклин, која почина во 2018 година, ја избра оскаровката Хадсон од Dreamgirls („Девојки од соништата“) да ја портретира во биографскиот филм кој пристига во киносалите во петок (6 август).

„Респект“, втор филмски проект оваа година кој ќе ја раскаже извонредната приказна на Френклин, се фокусира на предизвиците во нејзиниот живот – од дете во еванѓелискиот црковен хор на татко ѝ, до семејно насилство и зависност од алкохол на патот кон светска слава.

Хадсон (39), која пееше на погребот на Френклин, рече дека чувствува дека двете имаат многу заедничко.

“Нашата верба – тоа е прва работа. Не сфатив дека имала трагедии во својот живот – тоа е второ. Филмот е од срце, и е во чест на Мис Френклин, и се надевам дека ѝ оддава почест на најдобар можен начин,“ рече актерката.

Хадсон имала повеќе телефонски повици со Френклин пред нејзината смрт, а кралицата на соул-музиката инсистирала нејзината верба да биде главна тема на филмот.

Треба да знаете
Последни објави