Фондот им исплати 121 милион долари на жртвите на Епстин

Фондот за надомест кон жртвите на сексуална злоупотреба на Џефри Епстин ја заврши својата работа со плаќање на 121 милион американски долари, како компензација за 150 лица, објави во понеделникот Би-Би-Си.

Фондот го објави ова речиси две години по самоубиството на Епстин во затворот во Њујорк, додека чекаше судење. Независниот менаџер на фондови, кој беше финансиран од средствата на Епстин, изјави дека добил двојно повеќе барања од очекуваното.

Неколку жртви ја одбија понудата, одбирајќи го патот за приватни тужби.

По смртта на финансиерот, чуварите на неговиот имот формираа фонд од 600 милиони долари и ги повикаа жртвите да контактираат со нив. Од 225 луѓе, за 150 беше утврдено дека имаат легитимни барања. Фондот беше отворен и за жртвите кои имале штета порано, кога Епстин во 2008 година беше осуден за злоупотреба на малолетници.

Поранешната девојка на Епстин, Гислејн Максвел се изјасни невина за соучество во злосторството. Нејзиното судење почнува во ноември.

Треба да знаете
Последни објави