Ретко излегуваат заедно, но се во среќен брак 19 години, дури и лошите озборувања не успеаја да ја разнишаат нивната љубов!

Холивудската актерка Џулија Робертс ретко се појавува во јавноста во друштво на сопругот и снимателот Даниел Модера, со кого е во брак 19 години, но двојката е снимена деновиве на романтична прошетка низ улиците на Њу Јорк.

Папараците ги снимија по вечерата во еден од популарните ресторани, по што прегрнати прошетаа низ Менхетен. 53-годишната оскаровка за таа прилика избра долг црн фустан со деколте, а забележана е и со заштитната маска што ја носеше на лицето.

Двојката ги има 16-годишните близнаци Хејзел и Финеус и 14-годишниот син Хенри. Тие се запознаа во 2000 година на снимањето на „The Mexican“, а се венчаа две години подоцна на нивниот ранч во Ново Мексико. Тие работеа заедно на голем број филмови, меѓу кои и „Mona Lisa Smile“ и „Fireflies In The Garden“.

Тие неодамна ја прославија 19 -годишнината од бракот, а ја одбележаа и на социјалните мрежи каде објавија заеднички фотографии.

“19 години! Само што започнавме”, напиша тогаш Џулија во описот на фотографијата.

Во последните неколку месеци почнаа да кружат гласини дека парот е пред развод, но Џулија и Даниел за медиумите изјавија дека ова се само озборувања на кои тие не обрнуваат внимание. Меѓутоа, тие разговараа за сѐ со своите деца, бидејќи не сакаат тие да добијат погрешен впечаток, а на децата одамна им објаснија дека постои можност слични шепотења да се повторат, со оглед дека и двајцата се славни личности.

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави