Баба од Белгија има 60.000 старински лимени кутии

Белгијката Ивет Дарден (83) собрала приближно 60.000 старински лимени кутии од целиот свет за 30 години. Колекцијата, која зафаќа дури четири куќи, ја започнала со чоколадна кутија Sote D’or .

Шарените лимени кутии натрупани околу колекционерката Дарден некогаш се користеле за складирање на сè – од чоколадо, бонбони, кафе, ориз до тутун, талк, боја за чевли и дуго – а некои пристигнале дури од Индија.

„Колекцијата, која зафаќа дури четири куќи, започна со чоколадна кутија Cote d’Or со илустрација на русокоса жена со сина капа,“ изјави Дарден за Ројтерс говорејќи покрај внимателно наредените лимени кутии.

Подоцна, тие пристигаа сами, посочи таа. „Луѓето великодушно ми ги подаруваа.“

„Јас не сум била никаде. Не патував. Луѓето мислат дека сум патувала многу,“ вели Дарден, која живее во Грандхале во белгиската провинција Лиеж.

Едно од нејзините најголеми богатства е кутијата од 1868 година со амблем два коња на капакот, изработени за бисквитиte на производителот Huntley & Palmers oд Англија.

Треба да знаете
Последни објави