Продуцентската компанија на Рис Витерспун продадена за 900 милиони долари

Продуцентската компанија Hello Sunshine, чиј сопственик е актерката Рис Витерспун, го проширува својот опсег. Ентитетот, основан од Витерспун во 2016 година, е продаден на медиумска фирма зад која стои групацијата со приватен капитал „Блекстоун груп“, објави „Волстрит журнал“.

„Хелоу саншајн“, наводно, е проценета на 900 милиони долари, изјавија за весникот луѓе запознаени со аквизицијта.

Компанијата, која веќе создаде филмска и ТВ-продуцентска куќа, своја VOD-мрежа (вклучувајќи го и првото ток-шоу на Витерспун, Shine on with Reese) се фокусира на приказни од и за жени.

„Хелоу саншајн“ продуцираше филмови како што се Gone Girl and Wild како и ТВ-емисии, вклучувајќи ја и драмата „Големи мали лаги“ на „HБO“, серијата „Утринско шоу“ на „Епл плус“ и други.

„Ќе ја удвојам мисијата да ангажирам повеќе жени создавачи од сите сфери на животот и да ги прикажам нивните искуства “, изјави Витерспун.

„Денес правиме голем чекор напред со Blackstone што ќе ни овозможи да раскажеме уште позабавни, повлијателни приказни за жените на глобално ниво.“

„Ова е значаен потфат во светски рамки бидејќи навистина покажува дека женските приказни се важни.“

Треба да знаете
Последни објави