Search

Московскиот аеродром „Шереметјево” е најпрометниот во Европа

Аеродромот „Шереметјево” во Москва е прогласен за најпрометниот аеродром во Европа за месец јуни. Тој примил 2,94 милиони патници, според британскиот портал „Ер сервис 1″.

На второ место е аеродромот во Истанбул, кој примил и испратил 2,8 милиони патници. На трето место е уште еден московски аеродром – „Домодедово”, со патнички сообраќај од 2,45 милиони луѓе месечно.

Општо, најпрометниот аеродром во историјата останува „Хитроу” во Лондон. Меѓутоа, последниве два месеци, тој се наоѓа на 17-то место во статистиката за аеродромите во Европа.

„Шереметјево” стана првиот аеродром во Русија што понуди единствена можност за минување пасошка контрола со помош на биометриски податоци.

Треба да знаете
Последни објави