Search

Мишел Фајфер и Дејвид Кели ја продадоа куќата во Пацифик Палисади

Холивудската ѕвезда Мишел Фајфер и нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент и сценарист Дејвид Е. Кели, успеаја за само една недела да ја продадат куќата во Пацифик Палисади, ексклузивна населба на Лос Анџелес.

Двојката од А-листата го објави имотот на пазарот на недвижности по цена од 25 милиони долари на крајот на јули, и се согласи да прифати понуда само една недела подоцна, според „ТМЗ“, чии инсајдери велат дека понудувачите се приближиле до бараната цена.

 

Мишел и Дејвид ја купија куќата во јануари 2020 година за 22 милиони долари, а сега решија да се ослободат од овој имот кој најверојатно им е вишок ако се земат предвид трошоците за одржување и реновирање.

Треба да знаете
Последни објави