Search

Алекс Родригез се пофали со својот физички изглед додека се тушира на јахта

Само еден ден откако го прослави својот 46. роденден, поранешниот бејзбол играч ги покажа стомачните мускули, пишуваат таблоидите додавајќи дека оваа недела бил фотографиран како премногу се приближува до крузерот што го изнајми неговата поранешна вереница Џенифер Лопез.

Наизглед релаксиран и воопшто неизненаден од физичката близина со Џенифер и нејзиното момче Бен Афлек, Алекс може да се види како се тушира со ладна вода.

Тој сподели видео на кое се гледа како се забавува со своите пријатели, вклучувајќи ги и НФЛ-ѕвездата Ерик Декер и неговата сопруга Џеси Џејмс Декер.

Презентерката на спортски вести Мелани Колинс му се придружи на Родригез на крстарењето долж француската ривиера. Тие беа фотографирани на палубата на неговиот изнајмен крузер.

Прославата на родендените на поранешните партнери Алекс и Џенифер на суперјахти долж француската ривиера деновиве беше топ тема во светските шоу-биз медиуми.

Медиумите коментираа дека тие се обидуваат да се надминат еден со друг кога станува збор за луксузни крстарења. И Алекс и Џенифер изнајмија ривалски суперјахти во Сен Тропе, секој со свое друштво.

Додека неговата поранешна вереница Џеј Ло (52) уживаше со Бен Афлек на мега јахта, Алекс беше фотографиран со русокосата ТВ-презентерка Мелани Колинс (35), нa импресивна  јахта во истиот крајбрежен град, но таа на Џенифер беше далеку поголема и поскапа.

Треба да знаете
Последни објави