Search

Јогурт без лактоза за безгрижно консумирање и уживање во полн вкус

Јогуртот, млекото и воопшто млечните производи, се дел од секојдневната исхрана и извор на многу хранливи материи и витамини. Но, овие придобивки од млечните производи кај одредени луѓе може да предизвикаат проблеми што се појавуваат веднаш по консумирањето млечни производи и укажуваат на нетолеранција на лактоза. Тоа се случува кога телото не може ефикасно да ја свари лактозата и тогаш таа останува во дигестивниот систем, предизвикувајќи несакани последици и нарушувања во дигестивниот систем. Односно се развива нетолеранција на лактоза од млечниот шеќер што се наоѓа во млекото и млечните производи.

За да не се избегнуваат млечните производи и да може секој да ужива во придобивките и хранливоста од млекото и јогуртот постои еднакво нутритивен и квалитетен производ како што е Моја кравицајогуртот без лактоза.

Aко се констатира дека организмот развил нетолеранција на лактоза, за тоа има лесно достапно и корисно решение, така што нема да мора да се откажувате од вашите омилени млечни производи. Следејќи ги нутритивните трендови и потреби за специфична исхрана, Моја кравица јогуртот без лактоза е направен со современ технолошки процес при што лактозата е целосно елиминирана, а притоа се задржани сите хранливи состојки од млечните производи. Ова е особено важно кога станува збор за јогуртот, имајќи предвид дека влегува во секојдневното мени.

Јогуртот без лактоза е наменет е за сите оние кои се соочуваат со нетолеранција на лактоза. Освен што може да се консумира без страв од несакани здравствени тегоби и последици по дигестивниот систем, овој јогурт без лактоза изобилува со високо хранлив состав и претставува богат извор на протеини, калциум и витамини како што се А, Б12 и Д.Оваа комбинација на хранливи материи е исклучително важна за коските, бидејќи директно влијае на нивната густина, а со тоа се намалува ризикот од фрактури и појава на остеопороза. Ова се само некои од придобивките што млечните производи вклучително и јогуртот му ги даваат на нашето тело и се неопходни за негово непречено функционирање.

 

 

Треба да знаете
Последни објави